Ландо Норис најбрз во квалификациите за Големата награда на Унгарија!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Унгарија, откако беше најбрз во возбудливите квалификации на патеката Хунгароринг.

Британецот извозе фантастичен круг и успеа да ги остави конкурентите зад себе, обезбедувајќи си најдобра стартна позиција пред неделната трка.

Норис продолжува со одличната форма, а Мекларен повторно покажа дека има еден од најбрзите болиди во шампионатот. Зад Норис завршија возачите на Ферари, Хамилтон кој задоцни 12 илјадити делови од секундата и Леклер со 2,5 стотинки побавно време.

Трката за Големата награда на Унгарија е на програмата утре од 15 часот.