Шкендија и Силекс ја стартуваат новата сезона во Првата лига
Двете екипи кои играа европски натпревари ги почнуваат домашните обврски во ПМФЛ.
Шкендија на терените на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ ќе го пречека новиот прволигаш Скопје, меч кој ќе се игра под рефлектори со оглед на тоа што почнува од 19 часот.
Тетовскиот тим е апсолутен фаворит. Шкендија значително го засили составот, а целта е да ја вратат шампионската титула.
Два часа порано ќе почне мечот меѓу Силекс и Башкими. И на овој меч фаворитот е јасен, се освен победа на Силекс би било големо изненадување.
Башкими е еден од најсериозните кандидати за испаѓање, ќе води голема борба за опстанок и секој бод ќе им биде драгоцен.
За разлика од Шкендија која уште игра во Европа, Силекс го заврши својот настап, па сега ќе може комплетниот фокус да го има кон Првата лига.