И порно глумица е виновна што луѓето ја мразат Аргентина! (ВИДЕО)

Аргентинската телевизија ТН предизвика големи реакции со прилогот за „аргентинофобија“, тие издвоија десет личности кои според нив се виновни затоа што луѓето ја мразат фудбалската репрезентација на Аргентина.

Аргентина не е една од омилените репрезентации, начинот на кој победуваше и помошта која ја имаше од судиите и во Катар и на овој Мундијал, предизвика негативни реакции од гледачите.

Но, телевизијата ТН смета дека за ширење на омраза за Аргентина се виновни десет личности, тие имаат влијание врз јавноста, а јавно се против Аргентинците.

Меѓу нив е и познатата порно глумица, Миа Калифа.

Ова се десетте личности кои според аргентинската телевизија се виновни за „аргентинофибија“.

Зохран Мамдани (градоначалник на Њујорк)
Клаудија Шеинбаум (мексиканска претседателка)
Росалија (шпанска пејачка)
Самуел Л. Џексон (американски глумец)
Педро Паскал (чилеански глумец)
Спид (амеркански инфлуенсер)
Ибаи Ланос (шпански стример)
Хосам Хасан (египетски селектор)
Миа Калифа (порно глумица)
Пирс Морган (англиски новинар)