Реал Мадрид работи на ангажман на три големи засилувања!
Последните информации велат дека во овој момент Реал Мадрид работи на три зделки.
Најконкретен е случајот на Диоманде за кој Реал Мадрид нуди околу 120 милиони евра со вклучени бонуси.
Лајпциг нема проблем да го продаде фудбалерот, но сака да го задржи уште една сезона на позајмица. Сепак Диоманде сака веднаш да се пресели во Реал Мадрид.
Вториот за кој Реал Мадрид е активен е Родри. Тој се сложил да си ја намали платата и да потпише договор до 2030 година. Останува двата клуба да ја договорат висината на обештетувањето.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 60 милиони евра за Родри.
Третиот фудбалер кој кралевите би можеле да го купат е Алесандро Бастони од Интер. Италијанскиот клуб за него бара 70 милиони евра.