Инфантино со писмо до Аргентина: Вашиот настап го направи Мундијалот незаборавен

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино испрати официјално писмо до Фудбалската федерација на Аргентина во кое им честита за настапот на Светското првенство 2026, нагласувајќи дека „гаучосите“ дале огромен придонес турнирот да остане запаметен како едно од најспектакуларните светски првенства.

Во писмото, Инфантино истакнува дека Мундијалот бил вистински празник на фудбалот, исполнет со спектакуларни натпревари, нови таленти и незаборавна атмосфера, додавајќи дека одличните игри на Аргентина биле важен дел од тој успех. Тој упати честитки до играчите, селекторот Лионел Скалони, стручниот штаб и навивачите, посакувајќи им уште многу успеси во иднина.

Писмото се појави во јавноста само неколку дена по финалето, иако станува збор за протоколарен гест што ФИФА го испратила и до другите репрезентации кои освоија медал на Светското првенство. Сепак, неговата содржина предизвика големо внимание, особено по бројните контроверзии што ја следеа Аргентина за време и по завршувањето на турнирот.