Нејмар се врати во голем стил – со два гола го спаси Сантос од пораз (ВИДЕО)
Со ова, искусниот офанзивец стави крај на голгетерскиот пост по враќањето од Светското првенство и уште еднаш покажа дека сè уште може да биде лидер на својот тим.
Нејмар прво погоди со одлична акција по двојно додавање на работ од шеснаесетникот, а потоа беше прецизен и од белата точка. При прославата на вториот гол, симболично „делеше карти“, алудирајќи на неодамнешните критики дека наместо да игра за Сантос, учествувал на покер-турнир. Вториот го постигна во последните моменти со што го спаси својот тим од голем срам.
Иако Сантос не успеа да ја задржи предноста и освои само бод, настапот на Нејмар им дава надеж на навивачите дека тимот ќе влезе во подобра форма во продолжението од сезоната. Единствена лоша вест е што поради жолт картон, Бразилецот ќе го пропушти следното дерби против Сао Паоло.