Голем трансфер е на повидок, Баркола го одби ПСЖ
Баркола има важечки договор со ПСЖ до 30 јуни 2028 година, но со одлуката да не ја прифати понудата за продолжување јасно стави до знаење дека сака да ја промени средината.
Иако има значајна улога во тимот на тренерот Луис Енрике, францускиот репрезентативец не беше стартер на најважните натпревари, бидејќи предност добиваа Кварацхелија и Дезире Дуе. Интересно е што во репрезентацијата на Франција, токму Баркола имаше предност пред Дуе на клучните натпревари.
ПСЖ претходно летово испрати понуда до Лајпциг за Јан Диоманде, што беше јасен сигнал дека клубот е подготвен за евентуалното заминување на Баркола. Но, откако Диоманде неочекувано се насочи кон трансфер во Реал Мадрид, „светците“ веднаш се обидоа да го задржат Баркола со нов договор, но без успех.
Новинарот Бен Џејкобс тврди дека ПСЖ сега ќе се обиде да го продаде францускиот офанзивец.
Неговата вредност се проценува на најмалку 90 милиони евра, а познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо истакнува дека Ливерпул го гледа Баркола како идеално засилување за нападот, особено по заминувањето на Мохамед Салах.
Покрај Ливерпул, интерес покажува и Арсенал, па останува да се види дали Баркола веќе од август ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.