Елези донесе победа за Сараево за крај на сезоната (ВИДЕО)
Елези доби топка во казнениот простор во третата минута од првото полувреме, по што ја испрати во мрежата на гостинскиот тим.
Железничар ја затресе мрежата на Сараево во 91. минута, но радоста траеше кратко бидејќи ВАР-технологија го поништи погодокот.
Сараево заврши на третата позиција во босанското првенство, додека Елези оваа сезона настапи на 31 натпревар за тимот и постигна девет голови.
Фото: Facebook/FK Sarajevo