Ибра ќе се расплачеше поради БиХ: Се наежив кога ја видов таа среќа...(ВИДЕО)
Избраниците на Сергеј Барбарез славеа со 3-1 и обезбедија пласман во нокаут-фазата, со што го остварија најголемиот успех во историјата на босанскиот фудбал.
„Поради вакви моменти се игра фудбалот за да ги обединува луѓето, особено кога станува збор за Босна и Херцеговина, земја што поминала низ многу тешкотии. Емоциите ме совладаа кога ја видов сета таа среќа. Се наежив, бидејќи таму се корените на мојот татко“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој посебно ја истакна атмосферата што ја создадоа босанските навивачи.
„Кога ќе видите 70.000 луѓе како пеат во еден глас, тоа е нешто неверојатно. Навивачите на Босна и Херцеговина веројатно веќе го освоија Светското првенство. Среќен сум и горд на нив, а најемотивниот момент беше кога трибините одекнуваше песна. Навистина тешко можам со зборови да опишам како се чувствувам. Пресреќен сум“, додаде тој.
Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светското првенство ќе игра против домаќинот САД на 2 јули во Сан Франциско.
Zlatan got goosebumps after Bosnia and Herzegovina won its final group stage match 🇧🇦@Ibra_official pic.twitter.com/52o54gntOh
— FOX Sports (@FOXSports) June 25, 2026