Интер Мајами прави дрим тим - доаѓа и Де Брујне!?

Интер Мајами не се откажува од идејата да го доведе Кевин де Брујне и повторно го стави белгискиот ас на врвот на листата на желби.

Американскиот клуб и натаму ги поседува ексклузивните МЛС права за преговори со Де Брујне, што му дава предност доколку фудбалерот одлучи кариерата да ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

Сепак, реализацијата на трансферот во моментов изгледа тешко остварлива. Белгиецот неодамна потпиша за Наполи и, според информациите, нема намера толку брзо да ја напушти европската сцена. Негов приоритет останува настапувањето на највисоко ниво во европскиот фудбал Раководството на Интер Мајами се надева дека во иднина ќе успее да го убеди искусниот плејмејкер да му се приклучи на тимот предводен од Лионел Меси, но засега нема конкретни преговори што би можеле да доведат до брз договор.

Доколку трансферот некогаш се реализира, Де Брујне би формирал спектакуларен тим со Меси и останатите ѕвезди на Интер Мајами.