Гол во 93. минута за победничко деби на Тренчовски на клупата на Олимпија
Тимот од Љубљана на домашен терен го победи Алуминиј со 1-0, а голот за победа беше постигнат во 93. минута. Стрелец беше Урбанчиќ кој ја круниса доминацијата на Олимпија во текот на натпреварот.
Со ова, поранешниот шампион на Словенија не само што ја оствари првата победа, туку и дојде до првите бодови во сезоната. Благодарение на победата го напушти дното на табелата и најави многу подобри денови во домашното првенство.