Елмас дебитира во победата на Аталанта, Милан го надигра Торино (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта триумфираа со 2-1 против Сасуоло, во меч во кој дебитира и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, додека до победа вечерва стигна и Милан на гостувањето кај Торино (2-1).

Распадори во шестата минуа ја затресе мрежата на Сасуоло за предност од 1-0, но потоа Одентал израмни на 1-1. Сепак, Аталанта зададе нов удар и преку Крстовиќ го врати водството.

Елмас влезе во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на првиот гол во 82. минута.

Милан славеше со 2-1 против Торино во натпревар во кој играше напаѓачки фудбал, а головите за „росонерите“ ги постигнаа Сисе и Рабио во рок од неколку минути, односно од 64 до 66. минута.

Торино погоди во судиското надополнување (1-2) преку Адамс, но домаќинот до крајот не успеа да ја анлуира негативата.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio