Јувентус го потврди Алајбеговиќ и ги откри деталите за трансферот!
Карим Алајбеговиќ втор пат ова лето е промовиран како засилување, тинејџерот од Босна и Херцеговина денеска беше презентиран како нов играч на Јувентус.
Во јуни тој најпрво беше промовиран од Баер Леверкузен како засилување, тогаш германскиот клуб се пофали дека си го враќа фудбалерот од РБ Салцбург по едногодишна позајмица.
Но, кога пристигна богатата понуда од Јувентус, веднаш го продадоа на италијанскиот тим.
Од таборот на „старата дама“ брифираа дека се работи за зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Карим Алајбеговиќ ставил потпис на петгодишен договор, и се обврзал кон Јувентус до јуни 2031 година.