Илиоски не запира во МЛС - постигна неверојатен гол со пета! (ВИДЕО)

Американскиот фудбалер со македонски корени, Милан Илиоски повторно воодушеви во МЛС-лигата и покажа дека се наоѓа во неверојатна форма, откако постигна прекрасен гол против Атланта и помогна во победата на Филаделфија Унион (3-2).

Илиоски со пета постигна прекрасен гол во мрежата на Атланта и со тоа ги разбуди неговите соиграчи кои постигнаа уште два гола во продолжение на натпреварот.

Напаѓачот оваа сезона настапи на 18 меча во МЛС-лигата, а постигна 10 голови и една асистенција.

Фото: Philadelphia Union