Ниту Струга немаше решение за Шкендија, тетовци останаа перфектни! (ФОТО)

Беше блиску Струга да биде прва екипа која останала непоразена против Шкендија сезонава, но сепак на крајот тетовци запишаа уште еден, четврти триумф сезонава со 2-1.

 

Шкендија ја имаше иницијативата од самиот почеток на натпреварот и тоа го искористи по половина час игра кога во листата на стрелци се запиша Нзенгуе.

Само шест минути подоцна повторно се тресеше мрежата на стружани и одново во центарот на вниманието беше Нзенгуе, сепак тој негов гол беше поништен поради недозволена позиција.

Струга во второто полувреме до некаде се ослободи од притисокот, меѓутоа и понатаму тетовци и понатаму беа подобриот тим на теренот. Но и така, екипата на Струга стигна до израмнување од пенал кој го реализираше најдобриот стрелец од минатата сезона, Христијан Малески.

Херој на Шкендија беше искусниот Бесарт Ибраими кој на ист начин како и Малески во 85-тата стави точка на натпреварот.

Ќе потсетиме, во натпреварот претходно денеска Вардар го победи Силекс со убедливи 4-1.