Велковски си замина од Вардар, ќе игра во Бахреин

Maкедонскиот дефанзивец, Дарко Велковски го напушти Вардар и кариерата ја продолжи во Бахреин.

Велковски кариерата ја продолжува во редовите на Ал-Калдија која го потврди неговиот трансфер.

Во редовите на најтрофејниот македонски клуб, Велковски се врати во јануари, а претходно имаше искуство во Ал Етифак (Саудиска Арабија), Динамо Букреушт (Романија), Нирѓехаза (Унгарија) и Зрињски (Бих), Ријека (Хрватска), па така за него ова ќе биде ново интернационално искуство.

Во Македонија Велковски настапуваше и за Работнички каде што ја почна кариера. Дресот на репрезентација досега го носеше на 60 натпревари по дебито во 2014 година.