Нено се врати, Рајт е тука – почна операцијата наречена „напад на Виена“ (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го одработи првиот тренинг во пресрет на воведниот натпревар од втората претквалификациска фаза за ЕП 2029, кој в недела ќе го одиграме против Австрија (16.05 часот) во Виена.

По подолго време, поради разни (не)оправдани причини, во работата на националниот тим повторно е Ненад Димитријевиќ, од неодамна новиот член на солунски ПАОК. Покрај него, на паркетот се најде и нашето ново натурализирано засилување, американскиот евролигашки центар, Мозес Рајт (Олимпија Милано), заедно со најискусниот во тимот, Војдан Стојановски, кој полека, но сигурно ита кон стоттиот натпревар во жолто-црвениот дрес.

Време за посебно подготовки нема, пред кошаркарите се само четири дена за работа и воигрување, пред в петок да се замине за австриската престолнина. Таму ќе се одработат неколку тренинга пред в недела да биде одиграна средбата. Претходно, нашиот противник ќе има тешко гостување и тоа в четврток против третиот тим во нашата група, селекцијата на Кипар. Пласман во квалификациите ќе обезбеди само првопласираната репрезентација во групата.