Дебакл на ракометарките во Таранто, загубивме од Тунис со 32 гола разлика!
Тунижанките доминираа од самиот старт, па така на паузата нашите избранички постигнаа само четири гола, а примија дури 20.
Слична беше ситуацијата и во второто полувреме во кое противник даде 23 гола, додека ние успеавме да постигнеме само три повеќе од првото полувреме.
За нас ова беше втор пораз откако претходно загубивме од Грција со 31-25.