Турција им го нанесе првиот пораз на фудбалерите во Таранто
Турција во текот на целиот натпревар беше подобар противник, додека избранциите на селекторот Таневски само на моменти знаеја да се заканат.
Таквата игра не беше доволно за изненадување против фаворизираната селекција на Турција која стигна до првата победа.Херој кај Турција беше Оздер Ожчан кој ги постигна сите три погодоци.
Турците во првото коло ремизираа против Мароко 2-2. Токму Мароко ќе биде последниот наш противник во групната фаза и тој дуел се игра в среда од 10:30 часот наутро. Во првото коло ќе потсетиме, ремизиравме против Тунис без голови.