Пет гола и одличен фудбал, Челси славеше во малото лондонско дерби! (ВИДЕО)

Фулам и Челси одиграа фантастичен натпревар во малото лондонско дерби во кое на крајот славеа „сините“ со 3-2.

Челси постигна гол првата шанса на натпреварот, Жоао Педро ја затресе мрежата по само 21 секунда, но таквиот почетокот на избраниците на Алонсо не го откажа Фулам.

Домашниот состав се созема од шокот и во 23. минута дојде до израмнување. Сепек, Челси на пауза замина со водство и тоа благодарение на најголемото засилување ова лето.

Англискиот репрезентативец, Морган Роџерс во 41-та минута го постигна својот прв гол во Премиер лигата како фудбалер на лондонскиот клуб. По само четири минути игра во второто полувреме, Жоао Педро запиша и асистенција, а гол за 3-1 постигна Кол Палмер.

Фулам повторно се врати во натпреварот и тоа веќе во 54-тата минута кога напаѓачот Гонзало Гарсија се запиша во листата на стрелци.

До крајот на натпреварот видовме по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.