Македонија загуби од В. Британија и го освои 14. место на ЕП Б-дивизија
Македонските јуниори ја добија првата четвртина со 21-18, но В. Британија во следните 10 минути направи целосен пресврт и на паузата имаше предност од 43-39.
Двете екипи продолжија со големата борба во второто полувреме, а В. Британија конечно направи исчекор кон победата во завршната четвртина кога стигна до триумф од 83-73.
Најефикасен во редовите на Македонија беше Дамјан Данев со 16 поени, три скокови и три асистенции, додека Емануел Ахамефуле запиша 16 поени за В. Британија.
Фото: КФМ