Веднаш по Алајбеговиќ, Јувентус го потврди и Коло Муани!

Јувентус се пофали дека комплетно го откупи договорот на Коло Муани од ПСЖ кој настапуваше како позајмен во италијанскиот клуб во 2025 година.

Јувентус за овој трансфер на ПСЖ ќе му плати 38 милиони евра фиксно, плус 12 милиони евра во бонуси. Агентот ќе добие 3,2 милиони фунти.

Коло Муани потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб.

„По одличното искуство кога играше како позајмен фудбалер на почетокот од 2025 година, Рандал Коло Муани сега и официјално е фудбалер на Јувентус“, стои во дел од соопштението на Јувентус.