Влаховиќ има мега понуда од Бешикташ, но Србинот ја чека Барселона!

Душан Влаховиќ сака да потпише за Барселона, напаѓачот ги намалил барањата за плата со цел да се реализира овој трансфер.

Влаховиќ има контакт со Барселона, но евентуалниот трансфер зависи и од тоа дали Феран Торес ќе замине во ПСЖ.

Србинот прави жртва, би играл за помала плата, само да му се исполни желбата да го облече дресот на Барселона.

Во меѓувреме Бешикташ му дава пет милиони евра само за потпис на договор со голема годишна плата.

Влаховиќ е слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус, па сега ќе бира каде ќе продолжи. Неговата желба е јасна, но се зависи од Барса.