Меси нема намера да се повлече, ќе игра за Аргентина и на Копа Америка 2028?

Лионел Меси, според информации од извори блиски до аргентинската фудбалска легенда, сè уште нема намера да стави крај на репрезентативната кариера.

Иако по освојувањето на Светското првенство повторно се појавија шпекулации дека наскоро ќе се збогува со националниот тим, последните информации велат дека 39-годишниот ас планира да остане дел од аргентинската репрезентација уште најмалку две години.

Доколку овие најави се остварат, Меси ќе настапи и на Копа Америка 2028, по што се очекува конечно да ја заврши својата богата репрезентативна кариера. Аргентинецот веќе има испишано историја со „гаучосите“, освојувајќи Светско првенство, две титули на Копа Америка и Финалисима, со што го зацврсти статусот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Официјална потврда од Меси или од Аргентинската фудбалска федерација засега нема, но ако информациите се покажат како точни, љубителите на фудбалот ќе имаат можност уште неколку години да уживаат во настапите на еден од најдобрите играчи во историјата на спортот.