Нема да поверувате на што еден обложувач вложил милион долари (ФОТО)

Бразил изминатата вечер во групата Б на Светското првенство ја совлада Шкотска со 3-0 и го потврди првото место, а по овој натпревар внимание на социјалните мрежи привлече и еден обложувач.  

Тој на платформа за обложување вложил повеќе од еден милион канадски долари, односно околу 775.000 американски долари дека за време на натпреварот меѓу Шкотска и Бразил нема да се случи киднапирање од вонземјани.

Иако ризикувал огромна сума пари, добивката која ја остварил била нешто над 1.169 долари, а облогот стана вистински хит на социјалните мрежи.