Швеѓаните шокирани пред дуелот со Јапонија - тренираа на стадионот со урнатини! (ФОТО)

Репрезентацијата на Шведска вечерва во еден часот по полноќ игра против Јапонија во последното коло од групната фаза, а пред овој дуел Швеѓаните се соочиле со една необична ситуација.

Имено, кога се појавиле фудбалерите на Шведска на стадионот на Далас затекнале урнатини на трибините.

Уривањето се случило за време на реновирањето и за среќа во таа ситуација никој не бил повреден. Во раководството на Шведска биле запознаени со ситуацијата на стадионот, меѓутоа не и фудбалерите.

„Фудбалерите ме погледнаа збунето кога пристигнавме, ме  прашаа што се случило бидејќи немаше никакво невреме“, изјави спортскиот директор на репрезентацијата Стефан Петерсон.

Избраниците на Грем Потер не биле спречени да го одработат тренингот бидејќи со условите околу теренот немало проблеми.

Шведска со победа против Јапонија сигурно би се пласирала во следната фаза, додека со друг резултат ќе треба да го чека исходот на останатите натпревари од последното коло.