Пех за кошаркарите: Марин Петков го повреди скочниот зглоб против Бугарија!
Тој влезе од клупата, но по нецели три минути поминати на паркетот бизарно го повреди скочниот зглоб, откако незгодно згазна на ногата на еден од противничките кошаркарите. Плејмејкерот на МЗТ Скопје веднаш беше третиран од лекарскиот тим, ногата му беше врзана, а за тежината на повредата ќе се знае дури по деталните прегледи кои ќе бидат направени вечерва и утре претпладне.

Македонија го доби првото полувреме против Бугарија со 45-43.
