Поен за аналите: Лина со еуфоричен крик ја прослави победата на кариерата (ВИДЕО)
Лина Ѓорческа со денешната трета квалификациска победа дојде до место во главната ждрепка на неофицијалното светско тениско првенство, нешто што претходно не му успеало на ниту еден наш претставник било во женски или машки тенис. Последниот поен од победата над Луција Бронзети (6-1, 6-2) ќе остане запишан во аналите на македонскиот спорт.
А, крикот на нашата Лина доволно покажува со какви емоции го дочека крајот на мечот и остварувањето на најголемиот сон.