Канада дел од преседан каков што досега немало никогаш
Селекцијата предводена од Џеси Марш ќе продолжи во елиминациската фаза како второпласирана во групата, што значи дека, иако е еден од домаќините на турнирот, следниот натпревар ќе го игра надвор од својата земја.
Доколку Канада ја задржеше првата позиција, ќе имаше можност да ја продолжи борбата пред своите навивачи. Наместо тоа, дуелот од шеснаесетфиналето против Јужна Африка ќе го одигра на стадионот „Софи“ во САД.
Со тоа Канада ќе стане првиот домаќин во историјата на Светските првенства кој ќе одигра натпревар надвор од својата територија.
Разочарувањето поради ваквиот развој на настаните не го криеше ниту селекторот Џеси Марш, а критики на адреса на ФИФА упати и канадскиот новинар Кристијан Џек.
„Имаше натпревари од шеснаесетфиналето што се играат во Канада и ова сценарио можеше да се избегне. Ако сте домаќин на турнирот, требаше да се најде начин Канада да остане да игра во Торонто или Ванкувер“. истакна Џек.