Вардар од последниот барабан ги чека ривалите во ЛШ - не е можен дуел со Раул!
ЕХФ потврди дека оваа сезона ќе учестуваат 24 тимови во елитното натпреварување, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, при што Вардар е во четвртиот шешир заедно со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан.
Ова значи дека „црвено-црните“ не би можеле да се судрат со нивниот поранешен тренер Раул Гонзалез, кој ги носеше до европскиот пехар, затоа што Вардар и Партизан се во ист шешир.
Шешир 1: Алброг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон
Шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед, Кјелце
Шешир 3: Загреб, ГОГ, Колштад, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт
Шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Кристијанштад
Ждрепката за групната фаза во ЛШ е закажана за петок со почеток од 11 часот.