Падна договор: Андреј Јакимовски има нов клуб! (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски ќе остане во Италија, откако потпиша двегодишен договор со Наполи.

Јакимовски минатата сезона го носеше дресот на Тренто, при што во италијанската лига во просек постигнуваше по 9,3 поени и 4,6 скокови, додека во Еврокупот во просек постигнуваше по 10,8 поени и 6,1 скокови.

Нашиот кошаркар пред неколку денови реши да го напушти Тренто, откако реши дека е време за нов предизвик во кариерата, а освен Наполи за неговите услуги беа заинтересирани и Валенсија и Рома.

Наполи, сепак, најверојатно бил најбрз во преговорите со Јакимовски и успеа да го обезбеди неговиот потпис за следните две години.

Фото: Facebook/Aquila Basket Trento