Во Атлетико се смееле кога ја виделе понудата на Барса за Алварез!
Понудата на Барселона била 100 милиони евра, но сумата да биде исплаќана шест години, односно 16,6 милиони евра секое лето.
Ваквата понуда била оценета како смешна од страна на Атлетико Мадрид и веднаш била одбиена.
Во меѓувреме Барселона преговарала со Алварез за личните услови, нешто што е забрането, па Атлетико најави жалба до ФИФА за односот на Каталонците.
Сега се најавува дека Барселона ќе се врати со понуда од 150 милиони евра за Алварез, тоа е сумата која ја понуди и Реал Мадрид.
Аргентинскиот напаѓач сака преселба на Камп Ноу, а некои тврдат дека веќе почнал и куќи да бара.
Се очекува ова да биде трансфер сага ова лето која ќе потрае подолго со оглед на различните ставови на двата клуба и желбата на фудбалерот за промена на средината.