Винисиус добил интересен облог против Анчелоти!

Бразил славеше со 3-0 против Шкотска во третото коло од групата Ц и се пласира во нокаут-фазата на Светското првенство (СП), а Винисиус постигна два гола на натпреварот.

Винисиус по натпреварот откри интересен детал дека се обложил со Анчелоти и успеал да победи, иако тренерот сметал дека Бразилецот нема шанси да постигне гол со глава.

„Му ветив дека ќе постигнам ми гол со глава, а тој ми кажа дека такво нешто е невозможно и дека ќе ми даде подарок ако успеам“, открива Винисиус.

Бразил го освои првото место во групата Ц со седум поени и подобра гол-разлика од Мароко.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FIFA