Ивановски го „нокаутира“ најмладиот од браќата Циципас!
Првиот сет понуди голема борба меѓу двајцата тенисери, при што победникот беше решен во тај-брејк каде што Ивановски славеше со 10-8.
Ивановски на стартот на вториот сет пропушти две брејк-топки, но потоа заигра подобро и во 11. гем му го одзема сервисот на ривалот за на крајот да слави со 7-5.
Македонецот во следната рунда ќе се бори против подобриот од мечот меѓу Трембли и Баранко Косано.
Победа оствари и вториот македонски репрезентативец Приходко, кој славеше со 2-1 во сетови против Секачов.