Ибра воодушевен од фудбалер на БиХ, ја потенцира неговата - храброст!

Златан Ибрахимовиќ кој има босански корени, за време на Светското првенство работи како стручен аналитичар на „Фокс“, а во еден од своите настапи ја потенцираше играта на 18-годишниот Керим Алајбеговиќ.

Фудбалерот на Салцбург постигна фантастичен погодок против Катар, но за разлика од останатите, Ибрахимовиќ истакна друг момент кај овој млад фудбалер.

„Сите зборуваат за голот, но за мене голот не е најважната работа. Најважна е храброста. На 18 години, на Светско првенство, под притисок и пред милиони гледачи, тој играше како стадионот да е негов. Тоа е реткост. Многу млади играчи имаат талент, талент има насекаде. Но талент без личност не значи ништо. Кога го гледам Керим, не гледам само млад фудбалер кој се надева на добар натпревар. Гледам играч кој верува дека е најдобар на теренот“, изјави Ибрахимовиќ.