Нејмар: Плачев во соблекувалната - пресреќен сум!
До последните моменти беше неизвесно дали Нејмар ќе биде дел од списокот на Анчелоти за Мундијалот, на крајот Бразилецот се најде и отпатува за САД.
Но, во меѓувреме се случи повредата, па Нејмар дури во третото коло ги одигра првите минути на Светското првенство.
Во игра влезе на 15 минути пред крајот од мечот против Шкотска, а по натпреварот можеа да се видат неговите солзи.
„Плачев во соблекувалната, да. Му благодарам на Бог што можам да ѝ помогнам на мојата земја, пресреќен сум“, изјави Нејмар по натпреварот.
Поминаа точно 981 ден по неговиот претходен настап за бразилскта репрезентација.