Ѓорческа денеска игра за историја - за настап на Вимблдон!
Откако успешно ги мина првите две пречки, на Ѓорческа и остана уште еден меч до креирање на историја.
Лина повеќепати досега играше квалификациите на грен слем турнирите, но никогаш не успеа да ги мине и да настапи на некој од нив.
Македонија немала тенисер во сингл конкуренција кој играл на грен слем турнир, па доколку Ѓорческа победи денеска, ќе испише македонска тениска историја.
Противничка ѝ е италијанската тенисерка Лучија Бронзети која е за околу 100 позиции подобро рангирана од Лина на ВТА листата.
Италијанката е голема фаворитка, но Ѓорческа нема да излезе на зелената трева со бело знаме.
Мечот меѓу Ѓорческа и Бронзети е закажан за 14 часот.