Коцките се поклопија: БиХ ќе игра во следната рунда на СП!

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина се пласира во нокаут-фазата на Светското првенство (СП), откако синоќа славеше со 3-1 против Катар, а потоа се поклопија дел од резултатите кои им беа потребни.

Бразил со победата над Шкотска ги испрати босанските репрезентативци во следната фаза, а името на нивниот противник ќе биде познато по завршување на групната фаза на турнирот.

БиХ претходно со победата од 3-1 над Катар го обезбеди третото место во групата Б и како една од најдобрите третопласирани селекции патува во нокаут-фазата.

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine