Алајбеговиќ со „бомбата“ урна рекорд на Мбапе! (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина славеше со 3-1 против Катар и се приближи кон пласман во нокаут-фаза на Светското првенство (СП), а талентираниот Керим Алајбеговиќ се запиша во историјата.

Алајбеговиќ стана најмлад фудбалер кој постигнал гол надвор од казнениот простор, и тоа од 1966 година откако се следи статистиката.

Босанскиот репрезентативец успеа да постави рекорд на 18 години и 276 денови, а со тоа го замени досегашниот рекордер Килијан Мбапе, кој му успеа такво нешто на 19 години и 207 денови.

Фото: Nogometni savez Bosne i Hercegovine/FIFA