БиХ е на чекор до нокаут-фаза на СП, Швајцарија го доби дербито со Канада (ВИДЕО)
Првото полувреме понуди големи возбудувања на теренот, а до водство стигна БиХ со одличниот гол на Карим Алајбеговиќ, по што Катар си постигна автогол и му помогна на ривалот да поведе со 2-0. Во продолжение од првиот дел, Ал Хајдос успеа да намали на 1-2.
Во второто полувреме Катар се обидуваше да стигне до израмнување, но нападот не им функционираше, а казната пристигна во 80. минута кога Мамиќ ги постави конечните 3-1 и донесе големи три бодови за БиХ.
Швајцарија и Канада во првото полувреме не беа ефикасни во нападот, но затоа во вториот дел Швајцариците стрелаа преку Варгас и Манзамби до 57. минута за предност од 2-0.
Канада не се предаде по двата голови на ривалот, па почна да бара начин како да ја пробие одбраната на Швајцарија и конечно успеа во намерата во 76. минута кога Давид стрелаше за 2-1.
Од групата Б, Швајцарија и Канада се пласираа во нокаут-фазата, додека БиХ го освои третото место и се надева на пласман меѓу најдобрите доколку се поклопат останатите резултати во другите групи.
Фото: Nogometni savez Bosne i Hercegovine/FIFA