„Македонецот“ Мур со Валенсија стана шампион на Шпанија!

Валенсија со третиот триумф против Барселона во финалната серија стана шампион на Шпанија, а во големиот успех помогна и македонскиот репрезентативец Омари Мур.

Кошаркарите на Валенсија доминираа во четвртиот натпревар и успеаја да го нокаутираат големиот ривал со 108-84, откако ја имаа контролата во текот на целиот меч.

Најефикасен во победничкиот тим беше Жан Монтеро со 23 поени, три скокови и три асистенции, додека „Македонецот“ Мур постигна 19 поени, четири скокови и две асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Кевин Пантер со 26 поени, четири скокови и две асистенции.