Познато што ѝ е потребно на БиХ за пласман во следната рунда на Мундијалот

Фудбалерите на Босна и Херцеговина триумфираа со 3-1 против Катар и се на чекор до остварување на големиот сон, односно пласман во нокаут-фазата на Светското првенство (СП), но за тоа мора да се поклопат уште неколку резултати.

БиХ со победата на Катар го обезбеди третото место во групата, а за да се пласира во следната рунда мора да се поклопи еден од следните 10 резултати:

  • Чешка да одигра нерешено или загуби од Мексико
  • Шкотска да загуби од Бразил
  • Еквадор да одигра нерешено или загуби од Германија
  • Јапонија да слави над Шведска
  • Египет да победи или да ремизира со Иран
  • Белгија да одигра нерешено со Нов Зеланд
  • Шпанија да одигра нерешено или триумфира над Уругвај
  • Зеленортските Острови да ремизираат со Саудиска Арабија
  • Конго да одигра нерешено или да загуби од Узбекистан
  • Хрватска да загуби од Гана

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine