Јужна Африка направи изненадување на СП - познат е првиот пар во нокаут-фазата!
Со победата во третото коло, Јужна Африка си обезбеди дуел против Канада во нокаут-фазата од турнирот, додека Јужна Кореја е третопласирана и ќе се надева на пласман во следната рунда, но повеќе ништо не зависи од нив.
Бразил го обезбеди првото место во групата Ц на Светското првенство (СП), откако славеше со 3-0 против Шкотска.
Ова е втора победа во три одиграни меча и со седум бодови го презема врвот од Мароко поради подобра гол-разлика. Два од головите постигна Винисиус, а еднаш стрелаше Куња.
На останатите дуели, Мароко славеше со 4-2 против Хаити, додека Мексико ја совлада Чешка со 3-0.
Фото: Facebook/Bafana Bafana