Газдата на Нотингем се степал со бивш советник на грчкиот премиер (ВИДЕО)

Сопственикот на Нотингем Форест и Олимпијакос, Евангелос Маринакис учествувал во инцидент за време на мечот меѓу грчкиот тим и Реал Мадрид (92-85) во Евролигата.

Грчки медиуми пишуваат дека познатиот бизнисмен имал физичка и вербална пресметка со Григорис Димитрадис, поранешен советник на грчкиот премиер Кириакос Мицотакис.

Видеото објавено на социјалните мрежи прикажува како Маринакис и Димитриадис се навредуваат на спротивни страни на оградата, а покрај нив има и обезбедување. Исто така, газдата на Нотингем е со скината маичка, но и повреди на лицето.