ДЕНЕСКА НА СП: Аргентина против Алжир ја почнува одбраната на титулата
Група И: Франција и Сенегал (21.00)
Франција влегува како еден од главните фаворити за трофејот на СП 2026, предводена од Килијан Мбапе и другарите. „Триколорите“ располагаат со голем квалитет и брзи фудбалери, па ќе сака да го отвори турнирот против една од најнезгодните африкански селекции Сенегал.
Група И: Ирак – Норвешка (00.00)
Норвешка има амбиција да остави сериозен впечаток на Мундијалот, а главен адут им е Ерлинг Халанд, кој игра во врвна форма долго време. Ирак игра со огромен мотив по новиот пласман на СП, но ќе биде аутсајдер во оваа средба и најверојатно ќе чека шанса преку контранапади.
Група Ј: Аргентина – Алжир (03.00)
Актуелниот светски шампион Аргентина ја почнува одбраната на титулата против незгодниот Алжир. Избраниците на Лионел Скалони остануваат меѓу главните фаворити на турнирот, а цело внимание ќе е насочено кон Лионел Меси, кој ќе го запише 200. настап за репрезентацијата. Алжир има искусни фудбалери и знае да биде опасен, но „гаучосите“ се фаворити во оваа средба.
Група Ј: Австрија – Јордан (06.00)
Австрија влегува како фаворит во оваа средба и со евентуална победа ќе сака да си ги зголеми шансите за пласман во нокаут-фазата. Европската репрезентација игра организиран фудбал, а пред себе го има дебитантот Јордан.
Фото: Facebook/Selección Argentina in English