Инфантино држеше говор во соблекувалната на Иран по драмата на Мундијалот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство (СП) донесе четири голови (2-2) и многу возбудувања на теренот, а по мечот во соблекувалната на Иран се појави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Инфантино ја посети соблекувалната на репрезентацијата на Иран, при што одржа говор и предизвика реакции на социјалните мрежи.

„Знам низ што поминавте. Ве разбирам, но вие сте посилни од сè. Испраќате силна порака до светот, затоа сум ви благодарен“, кажа Инфантино.

Долго време пред стартот на Мундијалот не беше познато дали Иран ќе се појави на турнирот поради тензиите со САД, но фудбалерите решија да излезат на фудбалскиот терен.

Видеото од говорот на Инфантино може да се погледне ТУКА.