Од анонимус до ѕвезда на СП: Доби 5,8 милиони фанови и нов клуб (ФОТО)

Дефанзивецот на Нов Зеланд, Тим Пејн стана сензација на Светското првенство (СП), иако пред почетокот на турнирот беше тотален анонимус.

Од фудбалер со најмалку фанови на социјалните мрежи на СП, односно 4.000 на крајот на мај, тој преку ноќ стигна до 5,8 милиони фанови, како и нов клуб.

Пејн се сели во Олимпија од Парагвај, откако претходно играше за Велингтон феникс.

Фото: Facebook/All Whites