Манчестер сити се договори со еден од најголемите француски таленти (ФОТО)
Англискиот гигант постигнал договор со францускиот шампион ПСЖ за трансферот на 18-годишниот Малонга кој привлече големо внимание во изминатиот период.
Малонга важи за еден од најперспективните дефанзивци во францускиот фудбал, а од летово ќе го носи дресот на „граѓаните“.
Засега не се открива колку пари планира да исплати Манчестер сити за потписот на францускиот дефанзивецот.