Нејмар не се појави на тренинг и го вклучи алармот во Бразил

Бразилскиот репрезентативец Нејмар не тренираше со сонародниците поради тоа што бил испратен на нови медицински прегледи, кои покажале дека нема да биде подготвен ниту на вториот натпревар на Светското првенство (СП).

Нејмар не заигра на дуелот против Мароко на стартот на Мундијалот, а очигледно нема да игра ниту против Хаити во второто коло од фудбалскиот турнир.

Бразилската фудбалска репрезентација сè уште не објавува колку долго се очекува Нејмар да паузира, односно дали би бил подготвен за третиот меч од групната фаза.

Фото: Facebook/Confederação Brasileira de Futebol