Силекс чести - влезница и превоз до Скопје за мечот со Динамо Минск!

Кратовскиот тим денеска го доби противникот за првото квалификациско коло од Конференциската лига, а клубот направи убав гест кон своите навивачи.

Со цел да има што повеќе публика, Силекс соопшти дека сите навивачи од Кратово кои ќе сакаат да дојдат на натпреварот кој ќе се игра во Скопје, ќе добијат гратис превоз и билет за мечот.

Натпреварот се игра на 16 јули во Скопје со почеток од 20 часот. Седум дена претходно е дуелот во Белорусија.